Се огласија од „Џевахир скај сити“: Изнајмени се простории во комплексот за кабинетот на Ѓорѓе Иванов

 Изнајмени се простории во комплексот висококатници „Џевахир скај сити“ за кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, соопштија од компанијата.

Како што е соопштено, помеѓу компанијата Турмак АД – Подружница Скопје и Службата за општи и заеднички работи на Република Северна Македонија е склучен договор за закуп и користење на опремен службен простор за потребите на Кабинетот на поранешниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов.

-Договорот е склучен во времетраење од една година и е во сопственост на компанијата Турмак. Според договорот, месечниот закуп за 274 м2 деловен простор изнесува 1950 евра, наведуваат од компанијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2019 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега