Заев: Имам право на одмор и ми треба малку да се одморам

Отсуството на премиерот, Зоран Заев, на вчерашната инаугурација на претседателот, Стево Пендаровски, падна во очи кај јавноста. На свеченоста беа присутни претседатели и високи функционери од регионот, поради што отсуството на Заев се протолкува како голем пропуст.

Тој во врска со ова и вели дека единствената причина што не присуствувал на инаугурацијата е тоа што сакал да одмори.

 

„Имам право на одмор. И ми треба малку да се одморам. Никаква друга причина нема“, изјави Заев за Телма“.

Инаку, на церемонијата не беа присутни ниту лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, кој не доби покана, ниту противкандидатите на Пендаровски, Гордана Силјановска и Блерим Река.

Од кабинетот на Џафери велат дека Мицкоски, Силјановска и Река не биле поканети затоа што „Собранието не кани лидери на политички партии кои не се пратеници ниту пак противкандидати кои ги изгубиле изборите“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2019 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега