Нападнат шумски полицаец: Ги затекнал како крадат па со дрво му се заканувале и го удриле

Вчера во 22,00 часот во Полициската станица Крушево, 47- годишниот Б.Ј  од Крушево  шумски полицаец во ШПС-Крушево, пријавил кривично дело - “загрозување на сигурноста“.

Според пријавата, истиот ден околу 17,50 часот пријавителот бил излезен на терен во атар на село Локвени, каде се случувала кражба на огревни дрва. Откако со службеното возило се упатил кон манастирот „Св.Атанасие“, забележал трактор кој бил во движење, а на тракторот биле две лица, Исто така движејќи се по патот, наишол на патничко возило “Застава 101“ без регистарски таблички, до кое имало околу половина кубик нежигосани дабови огревни дрва.

Во истиот момент позади него пристигнал тракторот со двете лица, кои почнале да му упатуваат закани и навреди, по што се симнале од тракторот, земале по едно од исечените дрва кои биле покрај возилото и почнале да му се закануваат дека ќе го нападнат.

Притоа едно од лицата го удрило со дрво по градите. Пријавителот бил принуден да се повлече по што заминал кон село Локвени.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2019 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега