Пожар во зграда во Гостивар - шестмесечно бебе однесено во болница, три лица се здобија со изгореници

 

Три лица се здобиле со изгореници откако пожар избувнал во подрум во зграда во Гостивар. МВР информира дека синоќа во околу 04:40 часот во Гостивар, избувнал пожар во еден од подрумите во зграда на ул.„Мајор Чеде“.

Од пожарот на лекарски преглед во Медицински центар Гостивар се јавиле три лица, а однесено е и шестмесечно бебе. Од извршениот преглед кај лицето З.М.  биле констатирани изгореници од втор степен во пределот на левата рака и вратот,кај А. С. изгореници од прв и втор степен во пределот на целото тело и кај В.С. изгореници од прв степен во пределот на лицето. Кај шест месечното бебе нема изгореници, констатирано е само вдишување на чад.Пожарот е локализиран.

Увид ке се врши во текот на денов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.05.2019 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега