Крвава тепачка помеѓу група насилници во Струмица

Вчера во 3 часот и 30 минути во струмичко бил нарушен јавниот ред и мир во угостителски објект во сопственост на В.А. кога настанала тепачка помеѓу Л.К., А.М., М.С. и други лица од Струмица од една страна  и Н.Ј. од Скопје, В.Г. и Т.Н. двајцата од Струмица, од друга страна.

Во тепачката со повреди на главата се  здобил  Л.К., кој по укажаната лекарска помош во Струмица е препратен на лекување во Скопје.