Два хеликоптери во моментов го надлетуваат централното градско подрачје особено кај Католичката црква во центарот на Скопје.

По литургијата на Плоштадот Македонија во Скопје, папата Франциск одржа екуменска и меѓурелигиска средба со младите во Католичката црква, а потоа и со свештениците и нивните семејства.

Во моментов Папата се упатува кон Меѓународниот аеродром Скопје каде автопатот ќе биде затворен до 18:30 часот.

Останатите улици во Скопје ќе бидат затворени се до 19 часот.