И снег и дожд во Македонија - Температурите драстично паѓаат

Циклонот Ален во текот на ноќта поради драстичното заладување донесе мајски снег и тоа на повеќе планини низ Македонија и тоа особено во западните предели каде снежната граница се спушти и малку под 1500 метри надворска височина каде дојде и до формирање на нова покривка, пренесе Славчо Поповски.

Снег провејуваше исто така и на Попова Шапка каде ова утро температурата се спушти на -2 степени додека пак на највисоката точка од Шар Планина односно на Титов Врв истата се спушти дури до -8 степени. Снег се очекува да провејува и денес на повисоките места и на планините низ државава а ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец кој особено Долж Повардарието и на југоисток локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час додека пак максималните дневни температури ќе се искачат во интервалот само од 8 до 17 степени.

Особено студено утро ќе имаме утре кога минималните температури ќе се спуштат во интервалот од -3 до 5 степени додека на планинските места истите ќе се спуштат до околу -10 степени

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2019 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега