Пендаровски: Да се сплотиме за доброто на државата и покрај политичките разлики

Новоизбраниот претседател, Стево Пендаровски кој присуствуваше на обраќањето на Папата Франциск во претседателската вила на Водно, за ТВ24 истакна дека власта и опозицијата треба да работат за она што е најважно, за државата и покрај политичките разлики.

 -Ова се убави поводи да се сплотиме и оние стандардни политички разлики да ги ставиме на страна и навистина да се заложиме за она што ни е најважно, а тоа е нашата татковина, резервна татковина немаме, тука ќе останеме да живееме. Наспроти сите разлики кои ги имаме на политички план треба да се договориме околу некои битни работи, мислам дека на сите ни е најважно овде да живееме во мир, разбирање, со респект еден кон друг и се надевам дека од денеска натаму и ова ќе биде повод плус да размислиме на таа тема повеќе, изјави пендаровски за Телевизија 24 без да го коментира говорот на Иванов.

Вели не би сакал овој значаен настан за Македонија да го користи за влез во дневна политика. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2019 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа