ФОТО: Џенифер Анистон позираше топлес и го прослави 50-от роденден
Холивудската актерка Џенифер Анистон го прослави 50-тиот роденден и одлучи храбро да позира во топлес и отворено да проговори за љубовта, но и за стареењето.
По повод промоцијата на новата акциска комедија „Murder Mystery“ во која глуми со Адам Сендлер, Анистон се најде на насловната на новото изадание на „Harper’s Bazaar“, во кое во големо интервју зборуваше за љубовниот живот, а сето тоа беше проследено со провокативни фотографии.
– Се чувствував сосема нормално позирајќи во топлес издание. Нашите тела се преубави и сметам дека нивното славење и чувството на угодност, без оглед на годините, е битно. Поради своето тело никогаш не би требало да се срамиме или да се чувствуваме непријатно – изјавила Анистон во врска со фотографиите настанати пред објективот на фотографот Алексиј Лубомирски кои кај посилниот пол предизвикаа бурни реакции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа