Тргнете порано: Важна вест за сите кои треба да стигнат на Аеродром

Поради посетата на папата Франциск патот до Меѓународниот аеродром Скопје ќе биде затворен за сообраќај од 7:30 часот до 9 часот, поради што сите патици кои имаат утрински летови требаше да стасаат на аеродромот до седум часот, додека патниците кои ќе имаат вечерни летови, пак, треба да пристигнат на аеродромот најдоцна до 15:30 часот, бидејќи од 16:15 часот патот до аеродромот во Скопје ќе биде затворен за сообраќај.

Детали во врска со режимот на сообраќај од аеродромот до Скопје и евентуални измени,  се достапни на веб-страницата https://papa.mk/soobrakjaj/.

Кај редовниот автобуски превоз за патници на ТАВ Македонија, од град Скопје до Меѓународниот аеродром Скопје и во обратна насока, со официјалниот превозник „Манора“, утре временскиот распоред на автобуските линии нема да претрпи промени, освен линијата која во 8:30 часот поаѓа од аеродромот кон Скопје, која што ќе тргне половина час подоцна. Информации и евентуални измени во автобускиот превоз за патници од и до аеродромот се достапни на веб-страницата на Манора: https://www.manoragroup.com/en

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2019 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега