Шилегов до Пендаровски: Нема место за еуфорија, мора да не биде

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, ја честиташе победата на Стево Пендаровски и најави многу работа.

- Добивме Претседател каков што заслужуваме. Кој ќе не обединува и со кој што ќе одиме напред.  Честитки другар Стево. Честитки до сите граѓани. Но, нема ни време, ни простор за еуфорија. Допрва престојат предизвици. На секое ниво. Мора да не биде !!!“, напиша Шилегов на Фејсбук.

Инаку, тој на вчерашниот втор круг од претседателските избори освои 436.212 гласа или 51,66 отсто од гласовите на граѓаните кои излегоа на гласање.

Неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова освои 377.713 гласови или 44,73 отсто. Вкупно на гласање вчера излегоа 844.365 граѓани од вкупно запишаните 1.808.131 граѓани.

Одзивот беше 46,70 отсто. Неважечки ливчиња се 30.442, односно 3,61 отсто.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2019 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега