Пукале со пиштоли и калаши - Продолжува судењето за убиените матуранти кај Смилковци

 

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство.

Случајот го води судијата Огнен Ставрев и се наоѓа во доказна постапка.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Претходно беше утврдено и како биле убиени младите момчиња. Рибарот Борче Стевковски починал од куршум во главата, убијците со 5 куршуми го усмртиле пред да влезе во автомобил и биле побрзи од него.

Едно од момчињата Кире Тричкосвки бил исправен или пак клечел, а истрелот во стомакот бил пресуден.  Лекарите од судска медицина само за две жртви потврдија дека во нив било пукано од напред. Останатите биле легнати на стомак или свртени со грб. 

Во сите пет жртви е пукано од „релативно блиску“ или најмногу до 1,5 метри оддалечност, со две автоматски пушки „калашников“ и пиштол. 

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2019 - 08:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега