Го нашле како лежи на улица - Маж итно пренесен на скопски Клиники

Во 08,25 часот било пријавено дека во Штип на улицата “Широк Дол“ бил пронајден повреден 62-годишниот Ј.К. од селото Кучица-општина Карбинци.

Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Клиничката болница Штип каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.

Известен е јавен обвинител и се превземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2019 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега