Едногодишно девојче од Ченто донесено повредено на Клиника, откако таткото ја земал од градинка и забележал гребаници по лицето

Вчера во 12.20 часот во СВР Скопје, од Комплексот клинки „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено едногодишно дете.

Според пријавеното, 34- годишниот И.С, татко на детето, пријавил дека истиот ден околу 10.00 часот, откако ја зел неговата едногодишна ќерка од градинка во населба Ченто, забележал дека имала гребаница на лицето, очите и ушите и според кажувањето на воспитувачката од градинката на детето повредите му биле нанесени од друго дете кое било на возраст од околу една година и шест месеци.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.05.2019 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега