ДИК го заврши доставувањето на доверливиот изборен материјал

Делчево и Македонска Каменица се последните општини во кои денеска Државната изборна комисија (ДИК) го достави доверливиот изборен материјал за вториот круг од Претседателските избори. Стручни служби на ДИК изготвија записник и материјалот го предадоа на членовите на Општинската изборна комисија во Делчево. Со оваа постапка како што истакна претседателот на Општинската изборна комисија Владимир Петровски, се исполнети сите услови, во недела, беспрекорно да се реализира изборниот процес.

-Во Делчево во недела на Претседателските избори 2019, право на глас имаат вкупно 14.673 лица, кои ќе можат да гласаат на вкупно 36 избирачки места. Ден претходно, во домашни услови, ќе гласаат вкупно 237 болни и изнемоштени граѓани, кои претходно се пријавија во ОИК и им беше одобрено барањето за гласање во домашни услови, соопшти Петровски.

Тој додава дека бројката на болните и изнемоштени лица, која е поголема од онаа во првиот круг од изборите е поради новите 45 одобрени барања за гласање во домашни услови.

Во Македонска Каменица доверливиот материјал беше примен од страна на претседателката на Општинската изборна комисија Сања Митревска, која соопшти дека во вториот круг во Македонска Каменица на вкупно 17 избирачки места ќе гласаат 6617 лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.05.2019 - 16:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега