Димитров: Оптимист сум дека годинава ќе ги почнеме преговорите

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во разговор за Канал 5 категорично ги отфрла тврдењата на опозицијата дека земјава годинава нема да ги почне преговорите со Европската Унија.

-Оптимист сум, како што реков нема едно прашање кое што некој би ни ги истакнувал или некаква резерва. Има земји што тоа го прават без голема радост, бидејќи процесот не е популарен и носи политичка сцена кај нив дома, и има земји што тоа го прават со голема радост меѓутоа секаде каде што одам сигналите се добри. Дециден јавен став, било која од земјите членки не може еда има додека не го види извештајот. Извештајот на комисијата за тоа колку сме направиле и што сме сработиле ќе се објави на крајот на мај. После тоа врз основа на тој извештај и други извештаи од нивните амбасади тука, од други реномирани институции, владини нелвадини ќе донесат одлука. Значи ние сме уште во фаза на објаснување, засилување на нашиот случај - кажа Димитров.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.05.2019 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега