Влада предупредува: Извадете ги возилата да не ви останат заробени кога ќе дојде Папата

Централното градско подрачје во Скопје ќе биде затворено за сообраќај на 7 мај, од 6.00 часот утрината, до 19.00 часот, по повод доаѓањето на папата Франциск, па од Владата предупредија дека сообраќајот ќе биде пренасочен на другите улици и булевари околу центарот на градот.

Отворени за сообраќај ќе бидат булеварите „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „Св. Кирил и Методиј“, „Св. Климент Охридски“, „Партизански одреди“ и булеварот „Гоце Делчев“.

 

-Им порачуваме на оние граѓани кои живеат во централното градско подрачје дека ќе биде затворено за сообраќај. Ако сакаат на 7 мај да ги користат своите возила треба претходниот ден да ги извадат надвор од оваа зона, затоа што на 7 мај нема да можат да излезат, порача денеска владиниот портпарол, Миле Бошњаковски на прес-конференција во Владата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.05.2019 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега