Падна снег во Македонија

Студениот бран донесе снег на Попова Шапка и на Јакупица. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, Македонија е зафатена од ладен бран кој денеска ни донесе студено и ветровито време, со максимални температури до 17 степени. 

Во Скопје ќе преовладува сончево, но студено време. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе се искачи до 13 степени.

Утре и во сабота ќе имаме сончево време, со ведри и студени ноќи. Утринската температура на некои места ќе се спушти и под нулата, додека пак дневната ќе биде во благ пораст. 

03.10.2013 - 10:33

најчитано сега