Реисот Реџепи повторно не дојде во ОЈО за случаите за говор на омраза

Реисот Сулејман Реџепи и денеска не се појави во Обинителството да одговори на прашања за говор на омраза, објави Телма. За разлика од минатиот пат кога не се појави на закажаниот распит сега во обвинителството во меѓувреме има уште една нов случај против него за говор на омраза. Освен кривична пријава од Хелсиншки за изјавата во која меѓу другото рекол: „Можете да видите со каква дива животиња народ живееме, затоа немаат идентитет“. Има предистрага и за клетвите што и ги упати на судијката Сузана Дончевска затоа што го впишала во верскиот регистар Скендер Бузаку како негов наследник. Официјално оправдание за денешното непојавување до скопското обвинителство Реџепи не испратил но од неговиот кабинет тврдат дека неговиот адвокатот денеска бил во контакт со обвинителството.

Трета шанса да се појави во Обвинителството Реџепи ќе добие кон средината на мај.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.04.2019 - 16:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега