Синот на Мира Стојчевска денеска ќе го раскине договорот со ЕЛЕМ

Синот на пратеничката Мира Стoјчевска, Виктор Стојчевски, денеска го поднесе актот за спогодбено раскинување на работниот однос со АД ЕЛЕМ, потврдија од компанијата за „Фактор“.

– Актот е во правна процедура и до крајот на денот тоа ќе се ефектуира. Ќе го потпише генералниот директор на компанијата, или доколку е отсутен, тоа ќе го стори неговиот заменик, потврдија од Електрани на Македонија.

Синот на Мира ја најави претходно оставката на Фејсбук.

– Сакам да ја известам јавноста дека јас како дипломиран геодетски инженер на Градежен Факултет – Скопје при УКИМ, свесен за моите знаења и способности имам капацитет да работам во било која компанија од приватниот и државниот сектор каде што се бара геодет. При крај сум со моите магистерски студии на Градежениот Факултет и имам желба и намера да се посветам на мојата професионална кариера, напиша Виктор, синот на Мира Стојчевска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.04.2019 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега