Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Велигден

 

ВМРО-ДПМНЕ на сите православни христијани во Република Македонија им го честита најголемиот и најсветлиот христијански празник, Воскресение Христово - Велигден.

            Овој светол празник е ден кога доброто победува над злото, а животот ја победува смртта. Ова е ден кога кај секој од нас повторно се раѓа надежта за подобар свет, за подобро утре.

            Блаженството и спокојот кои ги носи овој празник да ги споделиме со нашиот ближен, со нашите најмили , нашите роднини, соседи, со нашите пријатели.

            Велигден е Ден на радоста, која извира од секој храм, од секој дом, од душата на секој верник. Велигден е денот кога го славиме животот и ден кој не потсетува на потребата својот живот да го поминеме исполнет со љубов и духовен мир, со почит кон смејството, но и толеранција и разбирање кон другите.

            Само во тој дух можеме да ја исполниме целта на сопствениот живот, но и да придонесеме кон благосостојба и напредок на другите околу нас, да придонесеме за просперитетна и духовно побогата Македонија.

            ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!

            Нека е честит и вековит празникот,

            Нека е вечна Македонија.

Интегрален текст од честитката на ВМРО-ДПМНЕ.

најчитано сега