Македонските јавни личности денеска ќе бидат библиотекари

Денеска во просториите на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје ќе биде презентирана хуманитарната акција за Универзитетската клиника за детски болести – Скопје.

Настанот е организиран од Градската библиотека како „Отворен ден“, и е именуван  „Јавни личности во улога на библиотекари“.

Голем број личности од јавниот живот, актери, пеачи, спортисти, политичари, ќе ја преземат улогата на библиотекари и ќе услужуваат читатели, а собраните средства од членството ќе бидат донирани за опремување на „Игротека-библиотека“ на Универзитетската клиника за детски болести.

Настанот е поддржан од скопскиот градоначалник Коце Трајановски и сопругата на македонскиот претседател, Маја Иванова.

Настанот ќе биде збогатен со креативна работилница „Мали креативци“, со деца од предучилишна возраст, кои ќе цртаат на тема „Лекарите – бели ангели, пријатели на децата“.

Цртежите од работилницата ќе креираат сликовница која ќе биде печатена и дистрибуирана во „Игротеката – библиотека“ на Универзитетската клиника за детски болести. 

03.10.2013 - 08:47

најчитано сега