Груевски: Господ да ни даде повеќе сила и мудрост да ги решиме сите предизвици
Претседателот на Владата Никола Груевски денеска присуствуваше на утринската Свечена велигденска литургија што се одржа во црквата „Света Богородица – Каменско“ во Охрид.
- Посакувам многу среќа, здравје и успех на сите граѓани на Република Македонија, како од христијанска вероисповед, така и на сите останати, и Господ да ни даде повеќе сила и мудрост да можеме да продолжиме со успеси и со решавање на сите предизвици, и секако да ги оствариме сите индивидуални цели, сите лични цели. Секое семјство, секоја индивидуа има сопствени желби, сопствени цели, посакувам да им се исполнат и истовремено да има многу повеќе почит меѓу луѓето, рече премиерот по завршувањето на литургијата.
Премиерот Груевски заедно со сопругата денеска е предвидено да ги посети и црквата „Свети Ѓорѓија“ во Струга, а утре ќе престојува во Вевчани каде ќе биде поставен камен-темелник на нова црква.