Никна нова градинка во Прилеп

Денеска македонскиот министер за труд и социјала Диме Спасов и градоначалникот на општина Прилеп, Маријан Ристески отворија нова детска градинка.

-Една од формите на којашто активно работевме во изминатиов период за опфат на деца од предучилишна возраст е отворањето нови групи во други просторни услови, сè со цел достапност на услугата и за децата во руралните средини, рече Спасов, пренесе Курир.

Министерот додаде и дека еден од приоритетите на Владата на Република Македонија и на Министерството за труд и социјална политика е обезбедување на современи услови за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.

02.10.2013 - 16:09
Фото: 
Пулс24

најчитано сега