Кога желбата е голема - направила тегови од конзерви и ослабела 63 килограми

Гема Хоуден за само 18 месеци ослабела цели 63 килограми. Поради тоа што немала доволно пари да оди на вежби решила во својот дом да импровизира теретана, при што сама си направила тегови од конзерви.  

Хоуден желбата за слабеење ја добила гледајќи ги фотографиите од младоста, кога имала прекрасно тело. Пред да почне да вежба таа имала 120 килограми и затоа се решила на овој потег за ослободување од вишокот килограми.

Таа вели дека после породувањето и покрај тоа што имала 28 години, се чувствувала како да има 65 години.

Таа додаде дека со помош на конзервите кои ги користела како тегови за вежбање ја намалила својата телесна тежина.

02.10.2013 - 15:13

најчитано сега