Заев ги повика Груевски и Самарас да седнат на заедничка маса

Лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев ги повика претседателите на македонската и грчката Влада, Никола Груевски и Андонис Самарас да седнат на заедничка маса. Заев предлага премиерите на двете земји во насока на релаксирање на односите да разговараат на теми кои што не се поврзани со спорот за името. Лидерот на опозицијата потенцираше дека Грција и прави огромно зло на Македонија, но го постави и прашањето што направи Македонија за да си создаде толку голем непријател во јужниот сосед.

Претходно идејата за средба на највисоко ниво меѓу Македонија и Грција ја даде и премиерот Никола Груевски. Тој му испрати и директно писмо на својот грчки колега, но официјална Атина предлогот го одби.

02.10.2013 - 14:57

најчитано сега