Касами: Северна Македонија да докаже дека сме одделени од размислувањето кое ни го сервираа 30 години

 

Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами во придружба на сопругата го оствари правото на глас во гласачкото место 1947 лоцирано во објектот на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово во 11 часот и 30 минути.

-Денеска сите граѓани на Северна Македонија имаа можност да докажат дека сме одделени еднаш за секогаш од начинот за размислување што ни се сервираше повеќе од 40 години во монизам и речиси 30 години во демократија, каде државните работи беа определени само за припадниците на еден народ, една етничка група. Сега имаме одлична можност да докажеме во годината кога Македонија треба да биде 30-та членка на НАТО и да почне пристапни преговори за Европска унија да докажеме дека сме спремни да ги поделиме и споделиме вредностите на Европската унија. Јас ја искористив таа можност. Им честитам и им посакувам на сите граѓани на Северна Македонија да имаме фер, демократски и признаени избори, рече Касами. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.04.2019 - 19:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега