Со лажна диплома добил работа како возач на Брза помош - Македонската полиција го откри
СВР Битола поднесе кривична пријава против 38-годишниот А.А. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.
Во септември 2017 година пријавениот, како возач во Клиничката болница – Битола, приложил лажна диплома за завршено средно образование од средно училиште од Скопје, по што бил поставен на работно место референт на возен парк во болницата, информираат од МВР.
19.04.2019 - 15:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа