Калуѓерка од Сирија тврди дека опозицијата манипулирала со труповите во Дамаск

Калуѓерка од манастир во околината на Дамаск ја обвини сириската опозиција дека манипулирала со труповите и бројот на жртвите од хемискиот напад на 21 август.

Таа во интервју за Би-Би-Си тврди дека активисти на сириската опозиција,која војува за да го тргне од власт претседателот Башар ал Асад „извршиле фабрикација на видео снимките“,што потоа ги раширија низ светот,инсистирајки на огромниот број убиени цивили,меѓу кои и многу деца.

Мајка Агнеза, која е и раководител на манастирот детално ги анализирала видео снимките и при тоа открила дека едни исти трупови се прикажуваат на разни локации.Таа посебно го посочува трупот на едно исто умрено дете кое е снимено на неколку видео снимки,направени на различни локации.

Ова тврдење е меѓу доказите кои рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров му ги испрати на американскиот државен секретар Џон Кери,по изјавата на Москва дека хемискиот напад е провокација на сириската опозиција.

 

Видео снимките предизвика вознемиреност во меѓународната заедница и послужија како доказ за да се обвини режимот на Асад за „тешкото злосторство врз сопствениот народ“.

02.10.2013 - 09:49

најчитано сега