Министерот Џафери на министерски состанок во Словенија

 

Македонскиот министер за одбрана, Талат Џафери, од денеска е во дводневна посета на Крањ, Словенија.

Министерот Џафери заедно со делегација од Министерството за одбрана денеска и утре ќе учествува на сеопфатниот регионален министерски состанок во Брдо.  Во рамки на регионалните министерски средби, денеска ќе се одржи состанок на министрите за одбрана на земјите членки на САД - Јадранската Повелба на тема „Заеднички одговорности и приоритети во одбраната во услови на економската криза – придонес кон регионалната и глобалната безбедност“. 

За утре предвидено е да се одржи министерски состанок на Процесот на соработка меѓу министерствата за одбрана на Југоисточна Европа на кој свое обраќање ќе има и министерот Џафери.

 

02.10.2013 - 09:33
Фото: 
Нова Македонија

најчитано сега