Куче искаса малолетничка во Скопје
Во 15.55 часот во Полициската станица Центар, 55-годишниот С.К. од Скопје пријавила дека околу 08.00 часот на улица „Белградска“ нејзината 15 – годишна ќерка била касната од куче скитник во пределот на левата нога.
Исто така во 15.35 часот во Полициската станица Аеродром, 69-годишниот М.Д. од Свети Николе пријавил дека истиот ден околу 09.30 часот на булевар „Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.
Полициските билтени се секојдневно полни со информации за каснати од кучиња.
Како што неодамна објави Сител, нема тетанус на Инфективна.
12.04.2019 - 14:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа