Заев ќе го сретне Ципрас на 8. Самит на земјите од Централна и Источна Европа

Премиерот Зоран Заев заедно со владина делегација учествува на 8. Самит на шефови на влади на земјите од Централна и Источна Европа и НР Кина од Процесот 16+1, кој денеска и утре се одржува во Дубровник.

Заев ќе има обраќање на пленарната сесија на која ќе се обратат премиерите на сите земји учеснички на самитот.

Според агендата, премиерот Заев и владината делегација во која се вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и министерот за култура, Асаф Адеми, ќе има билатерална средба со премиерот на Кина, Ли Кечијанг и кинеска владина делегација.

Во Дубровник, претставници на владите на Република Северна Македонија и на НР Кина ќе потпишат Акциски план за соработка во земјоделството.

На маргините на Самитот на шефови на влади на земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина од Процесот 16+1 се предвидени и повеќе билатерални средби.

Премиерот Заев ќе се сретне со премиерот на Чешка Андреј Бабеш, а ќе има и заедничка средба со премиерите на Грција и на Хрватска, Алексис Ципрас и Андреј Пленковиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2019 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега