Таткото на Филип кој остана без бубрег и слезина: Шетаат со џиповите и покажуваат сила

Таткото на прободениот полицаец Филип во дискотека во Марино, Гоце Филиповски, се огласи повторно на социјалните мрежи и напиша дека добива закани и дека насилниците кои му го нападнале синот повторно шетаат со џипови.

 

Таткото на Гоце и претходно обвинуваше дека синовите на градоначаникот Ѕвонко се заканувале откако му го нападнале синот и дека тој ќе се бори, па ако треба ќе има протести.

Тој деновиве напиша дека син му на кого му се извадени бубрег и слезина е дома и обвини дека синовите на Ѕвонко Цветковски го прободеле син му и шетале со џипови во неговото маало да се закануваат да не се дознае вистината.

- Како што очекував, прошетките со џиповите го постигнаа спротивното и ги сплотија уште повеќе родители, пријатели другари со истото мислење, нема да дозволиме банда да ги малтретира нашите деца, проработо родителскиот инстинкт. Законите на природата никој не може да ги смени, остануваме смирени и веруваме во институциите, ама степенот на будност е на највисоко ниво овојпат. Нешто ненормално се случува кај дечките во ножеви, мора да продолжат нашите деца слободно да живеат како до пред некој ден и мора д апобедиме за нашите деца. Не го чувавме 20 години за некој тука да му го одземе правото на живот, напиша таткото на Филип, Гоце.

Од друга страна, Ѕвонко Цветковски за ТВ24 демантира дека неговите деца се виновни за прободувањето, иако вели учествувале во тепачката, но и тие се повредени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2019 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега