Самарас: Македонија е виновна што не е решен спорот со името - мора да прифати ерга-омнес!

Грчкиот премиер Андонис Самарас вината за македонско-грчкиот спор со иметоја префрли врз Македонија и македонскиот премиер Никола Груевски. Самарас одговарајќи на прашање на новинарот на МИА, на приемот организиран во економскиот Институт Питерсон во Вашингтон, изјави дека Македонија е проблемот што спорот со името сеуште не е решен идека мора да прифати ерга-омнес решение.

- Имавме долги дискусии со господинот Нимиц за спорот за името. Се сретнав со него последен пат кога бев тука во Обединетите нации. Има некоја екстремна непопустливост од страна на мојот колега од Скопје. Верувам дека Грција е единствената земја која направила некои чекори кон решение. Тоа не е случај и со Скопје. Бараме решение кое би било име кое ќе биде ерга омнес, како што се вели на латински, едно решение, едно име, за секоја употреба. Не гледам дека господинот Груевски е отворен за вакво решение. Верувам дека, ако ги прашате моите колеги од Албанија или Бугарија, и тие веројатно ќе ви одговорат исто, дека непопустливоста лежи во Скопје, а не во Грција, изјави Самарас.

Грчкиот премиер Самарас, кој го посети Њујорк, а сега е во посета на Вашингтон, на оваа втора посета на САД во рок од еден и пол месец, избегнуваше да зборува за спорот за името. Претходно во текот на вчерашниот ден се обиде да ги избегне македонските новинарски екипи, а и во медиумските брифинзи не се осврнува на спорот за името. 

Грчкиот премиер изјави дека, иако е малку чудно, Грција ќе ја нарече столб на стабилноста во регионот, велејќи дека е стабилна во споредба со регионот на Северна Африка и Блискиот Исток кои се зафатени од војни и од Арапската пролет. С

За време на посетата на Вашингтон, предвидено е Самарас да се сретне со потпретседателот Џо Бајден, со повеќе конгресмени, сакаше да отвори и изложба на византиска уметност во Националната галерија на Вашингтон, но поради буџетската блокада на САД оваа изложба е неизвесна. 

02.10.2013 - 09:14
Фото: 
Денешен

најчитано сега