Детектор анкета: Тесно водство на Пендаровски пред Силјановска

Само 2% или во рамки на статистичка грешка е разликата помеѓу претседателските кандидати на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Ова го покажува најновата акнета на ИПИС спореведена за емисијата Детектор. Ако утре се одржат изборите за Пендаровски ќе гласаат 28,8 % од граѓаните, додоека за Силјановска 26,8%. Блерим Река би ги поддржале 7,1 отсто.

Во оваа тесна трка, Силјановска има 2% поголема поддршка од Пендаровски  кај гласачите Македонци, додека кај Албанците води кандидатот на БЕСА и Алијанса.

Поделено по сектори, кандидатот на СДСМ води кај вработените во државната администрација, додека кај сите останати, самовработените, земјоделците, пензионерите и невработените го поддржуваат изборот на ВМРО-ДПМНЕ.

8 од 10 граѓани се против бојкот на изборите за шеф на државата.

Под претпоставка дека во земјава има 1.400 000 гласачи кои редовно излегуваат на избори, анкетата на ИПИС покажува дека на претстојните избори ќе излезат 69,3% од граѓаните. 

Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река според 65,2 % од граѓаните се добра понуда за претседател.

Телефонската анкета е спроведена од 23 до 27 март година на репрезентативен примерок од 1110 испитаници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2019 - 17:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега