Сообраќајот пренасочен - ќе експлодира рачна бомба во скопско Ново Лисиче

Сообраќајот по булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Скопје, од 10 до 17 часот ќе се пренасочува по околните сообраќајници поради снимање филм од страна на Скопје филм студио.

За време на снимање на филмот ќе се користат и специјални ефекти. Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот со пренасочување.

- Воедно ја известуваме јавноста дека во сцената која ќе се снима на оваа локација, ќе се употребат специјални филмски ефекти со кои ќе биде симулирана експлозија на рачна бомба. Ги замолуваме граѓаните да ја ибегнуваат оваа улица во наведениот период, се вели во соопштението од Скопје филм студио.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2019 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега