Од утре силно невреме - Температурите паѓаат

До крајот на денов локално ќе се задржи умерено облачно време и повремено ќе има позначителна облачност. Има услови и за слаб локален дожд. Сончеви периоди ќе има и во текот на утрешниот ден, меѓутоа, веќе во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени локални врнежи од дожд особено на планинските места и оние населени места во близина на планините каде ќе има услови и за локални грмежи, анализира Славчо Поповски.

Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец кој особено долж Повардарието и на исток повремено ќе биде засилен по интензитет. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени.

Веќе во понеделник во текот на денот врнежите ќе се прошират во најголем дел од државава и ќе се интензивираат и тоа под значително влијание на циклонот КРИСТИЈАН. Локално ќе има услови и за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а истите ќе продолжат и во следните денови од новата недела која што следува.

Циклонот Кристијан ќе услови значително понестабилно време кај нас во следниот период, а температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање додека на највисоките планини ќе има услови и за врнежи од снег.

Од понеделник па во следните денови локално ќе наврне позначително количество на воден талог и тоа над 30 л/м2.

Инаку во последните 24 часа најногу воден талог наврна во Маврово и во Пожаране и тоа 3 л/,2, потоа Лазарополе, Тетово и во Охрид 1 л/м2.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2019 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега