Македонската полиција запре возило со три лица - Сите веднаш ги привеле

Во 20,45 часот на локалниот пат во село Жеровјане кој води кон селото Радиовце, при вршење на контрола на патниот сообраќај од страна на полициски службеници од Полициското одделение Камењане било запрено патничко моторно возило “Фолсфаген венто“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 27-годишниот Х.К. а како совозач било лицето Н.Е.(27), додека во возилото бил и Р.И.(18) сите од Горно Седларце.

При извршениот преглед над лицата, возилото и багажот пронајдена е марихуана и ризли.

Лицата се приведени во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2019 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега