ДУИ: На земјата и е потребен консензуален претседател

Демократската Унија за Интеграција престојуваше во Општина Желино, односно членовите на раководството на ЦИШ го посетија локалниот штаб. На присутните им се обрати шефот на Централниот Штаб, Изет Меџити, заменик министерот за Внатрешни работи, Агим Нухиу како и други партиски функционери кои пред присутните ја објаснија важноста од изборот на консензуалниот претседател, бидејќи со тоа се продолжува започнатиот пат кон полноправно членство во НАТО и започнување на преговорите за членство во ЕУ. 
 
"Да имаше теоретски можности, значи да победеше Албански кандидат само со гласовите на Албанците, тогаш ова работа не би им ја препуштиле на вториот или третиот субјект кој е после нас, туку Демократската Унија за Интеграција ќе излезеше со свој кандидат. Ние не сме заинтересирани за популистички политики бидејќи не сме на почеток на 90-те години, ние поминавме 30 години демократија и знаеме дека нема теоретски можности да се избира претседател на државата потпирајќи се само на гласовите на Албанците. Единствениот начин е кога има консензус, како примерот со Собранието каде 10-те гласа на ДУИ и другите Албански партии со консензус го изгласаа претседателот на Собранието", рече Изет Меџити, шеф на изборниот штаб. Тој понатаму истакна дека ДУИ е дел од про-Европска и про-НАТО настроена влада и дека овие начела се воспоставени од самиот почеток. "Постигнавме договор за формирање на про-Европска и про- НАТО настроена влада. Ние немаме потреба да направиме политички договор за вториот изборен круг на Претседателските избори, значи ние овој договор го направивме уште при формирањето на Владата, Влада која го промени името и сега сме Северна Македонија, го донесе Законот за Албанскиот јазик и прави напори Северна Македонија да стане 30-та земја членка на НАТО. Овие се капитални проекти заради кои е формирана ова Влада и нам не ни треба Претседател кој ни прави проблеми, туку ни треба Претседател кој ги познава овие процеси и ќе биде позитивен актер во реализација на овие аспирации", истакна во неговиот говор шефот на изборниот штаб на ДУИ за Претседателските избори, Изет Меџити.
 
На крај, шефот на штабот, Изет Меџити уште еднаш истакна дека излегувањето со Албански кандидат не дека немаше да донесе победа, туку можеше да се ризикува и процесот на интеграција на земјата во НАТО и ЕУ, Преспанскиот Договор и Законот за Албанскиот јазик. 
 
"Членството во НАТО подразбира странски инвестиции, стабилност во Северна Македонија, подобар животен стандард. Ние се одлучивме за стратегиската определба на државата, не за дневна политика, не за да излеземе со кандидат за да победиме едни спрема други во првиот круг и да се удираме во гради за тоа кој е посилен", подвлече шефот на штабот на ДУИ за Претседателските избори, Изет Меџити.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2019 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега