Македонската полиција на готовс на границата со Грција по хаосот со мигрантите

По информациите дека стотици мигранти од бегалскиот камп во Солун се упатиле кон границата со Република Северна Македонија, надлежните велат дека ситуацијата е под контрола и дека земјава е поподготвена да се справи со евентуален предизвик од нов бран на мигранти.

- „Преку посебни планови веќе е зајакнато обезбедувањето на државната граница помеѓу Грција и Република Северна Македонија. Се работи за околу 1200 до 1500 мигранти, сега за сега колегите од Грција ја контролираат таа бројка, но секако дека ние имаме обврска да бидеме подготвени и да ја штитиме границата и евентуалната можност за влез во Република Северна Македонија“, изјави министерот Спасовски, пренесе Слободна Европа.

- „Во овој дел ние соработуваме со „Фронтекс” и со државите од регионот и Европската Унија и ги следиме политиките на ЕУ во делот на справувањето со мигрантската криза и нормално дека сме подготвени да одговориме на секаков предизвик кој стои пред нас,“ категоричен е министерот Спасовски.

Инаку, во Грција полицијата одговори со шок бомби и со солзавец.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.04.2019 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега