Летото ќе биде полно со невреме - Феноменот „Ел Нињо" ќе продре и на Балканот

Многу позагреана атмосфера но и потопло за разлика од изминатата година како и можност за појава на силни невремиња проследени со интензивни поројни дождови, силни ветришта, локални поројни поплави и град. Таква е сликата за претстојното лето за Европа, регионот но и за Македонија, јавува Славчо Поповски.

Феноменот Ел Нињо како што и претходно најавивме значителн о ќе ја загрее Европа и Балканот оваа година и ќе услови почести продори на топли бранови од северните предели на Африка кој ќе условат температури кој повремено ќе се искачуваат и над 40 степени. Со ова и тоа поради атмосферата исполнета со многу енергија во фелови од Европа и Балканот има можност за појава дури и на суперќелии како и торнада.

Во Македонија пак ова лето почести ќе бидат дестабилизирањата на атмосферата и појавата на конвективна облачност проследена со поројни дождови, грмежи, силен ветер и град, но сепак и кај нас летото ќе биде натпросечно топло со почети продори на топли бранови од Африка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.04.2019 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега