827 милиони луѓе во светот се гладни
Во извештајот на Организацијата на Обединетите нации за храна, Светската програма за храна и на Меѓународниот фонд за развој на земјоделството се наведува дека во периодот од 2011 до 2013 година има 842 милиони хронично неухранети луѓе односно 12 проценти од светската популација.
Тоа е за пет отсто помалку во споредба со периодот од 1990 до 1992 година. Во периодот од 2010 до 2012 година во светот имало 868 милиони неухранети луѓе, а во 2009 година 1,02 милијарди.
Со зголемувањето на продуктивноста во земјоделството и пристапот до храна се клучни за намалување на гладот, дури и во земјите каде е раширена сиромаштијата, се посочува во извештајот.
- Кога тоа ќе се комбинира со социјалната заштита и другите мерки за зголемување на приходите на сиромашните семејства, за да можат да купат храна, тоа може дополнително да го поттикне руралниот развој, се истакнува во извештајот.
827 милиони неухранети луѓе живеат во земјите во развој или 14,3 проценти од населението во тие држави.