Камерон Дијаз и Бенисио Дел Торо се во љубовна врска
Бенисио Дел Торо и Камерон Дијаз се во љубовна врска, пишуваат американските медиуми.
Иако актерката сакала оваа љубовна романса да ја сокрие од јавноста, сепак двојката е видена заедно на романтична вечера во Њујорк.
Фотографиите каде Камерон се обидуваа да се сокрие од папараците , потикнаа уште повеќе гласини за љубовната врска со овој актер.
Тие се спријателија на снимањето на филмот „Страв и презир во Лас Вегас“ во 1998 година, но љубовната искра ја почувствувале неодамна, открива близок извор.
Наскоро би требало да застанат пред камерите заедно и тоа за снимањето на филмот „Агент 21“.
01.10.2013 - 14:02