ВМРО-ДПМНЕ: Заев го користел секој можен начин тендерите да ги добијат претходно утврдени фирми

Постапките за јавните набавки во Струмица кои денес ќе ги презентираме се класично изигрување на законите со цел набавките да ги добијат претходно утврдени фирми. По правило фирмите се од редот на блиските роднини и пријатели на Зоран Заев.

 Во еден ден, на 26.04.2010 година Општина Струмица склучува дури четири договори со фирмата Дикор ЦД ДООЕЛ Струмица со иста намена, асвалтирање на улица во село Дабиле. Ова фирма е во сопственост на Динчо Иванов, сопруг на пратеничката Цветанка Иванова.

 Вкупната сума која преку овие договори е исплатена на фирмата на Иванови е 1.029.539 денари. Но набавката, очигледно е свесно поделена на четири дела за да се избегне законската обврска за распишување на тендер. Овие четири договори се склучени во непосредна спогодба.

 Ова е еклатантен пример како се изигрува законот. Наместо да распише тендер, Зоран Заев за една иста градежна работа склучил 4 различни договори и ги склучил во ист ден, со една иста фирма, Дикор ЦД ДООЕЛ Струмица, во сопственост на Динчо Иванов, сопруг на пратеничката од СДСМ Цветанка Иванова.

 Зоран Заев го користел секој можен начин за да го изигра законот за јавни набавки и да им обезбеди бизниси на своите семејно политички фирми.

 Првиот договор бил за асфалтирање на улица во дабиле од куќен број 36 до куќен број 63а во вредност од 337.185 денари со ДДВ.

 Вториот договор бил за асфалтирање на улица во Дабиле, внимавајте, од куќен број 9 до куќен број 12 во вредност од 205.108 денари со ДДВ.

 Третиот договор бил за асфалтирање на улица повторно во Дабиле од споменикот до куќен број 129 во вредност од 247.517 денари со ДДВ.

 Четвртиот договор бил за асфалтирање на улица во Дабиле, овојпат во должина од само три куќни броја од 330 до куќен број 332, со вредност од 239.729 денари со ДДВ.

 Е вака работи Зоран Заев. Вака работи и СДСМ. Фирмата однапред е позната, се дели набавката, нема тендер. Сите среќни и задоволни.

 Ако Зоран Заев мисли дека е доволно итар за да го злоупотребува системот и да ги изигрува законите длабоко згрешил. Граѓаните знаат да го препознаат ова сомнително постапување. Фирмата се знае, газдите се знаат, блиски се на градоначалникот и се така во круг.

 Со упорното повторување на тврдењето дека не е прекршен законот, во моменти кога кристално е видлив судирот на интереси, Зоран Заев запаѓа во каша која сам си ја подготвил. Единствено нешто што треба да направи е да им се извини на граѓаните.

 СДСМ треба да престане со глупавите и лажливи прашања кои имаат за цел да ја дефокусираат јавноста од овој најголем тендерски скандал. СДСМ треба да разбере дека со ваков начин на работење никогаш нема да биде добра опција за граѓаните. Колку повеќе го игнорираат овој скандал, толку повеќе на површина излегува нивната ароганција.

 

 

 

01.10.2013 - 13:32

најчитано сега