ФОТО: Пронајдена змија со две глави
Пронајдена змија со две глави во Кина , долга околу еден метар. Кинез од провинцијата Хубеи змијата ја пронашол во својата продавница. Тој ја фотографирал измутираната змија, а потоа не ја убил, туку ја ослободил.
„Змијата беше долга околу еден метар. Имаше сива боја со црвени нијанси по должина на телото. Устата на двете глави ѝ се отвараше во исто време. Ја заробив и ја ставив во тегла, но кога видов деа почнува да умира, ја ослободив и ја фрлив надвор“,изјавил тој.
Кинезите сметаат дека двоглава змија е лош предзнак и дека носи несреќа и пропаст, додека пак експертите велат ека мутираната змија дошла во населеното место за да се засолни од поројните дождови кои неодамна го погодиле подрачјето Хубеи.
01.10.2013 - 13:40