Министерство за правда: Квалитетен закон за јавно обвинителство е услов за почеток на преговори со ЕУ

Услов за отпочнување на преговорите со ЕУ не е донесување на било каков закон за јавно обвинителство, туку квалитетен закон кој ќе овозможи право и правда и казнивост на криминалот во нашата држава. За жал, насоките кои ги добива претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски од неговиот менаџер од Будимпешта, а кои се претопени во амандмани, се против принципите на владеење на правото и правда во нашата држава, стои во пишаната реакција од Министерството за правда на изјавата на Христијан Мицкоски.

Оттаму ја истакнуваат нивната соласност во однос на тежината на менаџирањето на процесот на носење на закон кој, како што потенцираат, треба да ги отвори преговорите на ЕУ со нашата држава.

-Заонот со себе носи силни последици за сторителите на кривични дела. Тоа претставува посебна тежина во менаџирањето на процесот кој треба да овозможи продолжување на кривично гонење и финализирање на судски постапки против сегашни и поранешни високи функционери на политички партии, кои сега треба да го поддржат законот. Едноставно, тежината е во тоа што законот тангира голем број страни од кои се очекува поддршка во Собранието со цел отпочнување на преговорите со ЕУ, се наведува во реакцијата од Министерство за правда. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2019 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега