Србија ќе воведе солидарен данок на платите

 Премиерот на Србија  Ивица Дачиќ изјави дека постојат размислувања за воведување некој вид солидарен данок на најголемите плати во јавниот сектор, но за тоа се уште не се донесени одлуки, јави Танјуг.

- Тоа би значело дека на плата од на пример 100.000 динари, секој месец би се одвојувал одреден процент, осум, десет или 12 отсто, како акт за солидарност, рече Дачиќ.

Тој нагласи дека според тој предлог, министрите, премиерот, потпретседателите на Владата а како што очекува и пратениците и претседателот на државата, да издвојуваат поголем процент од 20 или 30 отсто.

- Со тоа да покажеме дека тргнуваме од нас, рече Дачиќ и истакна дека за тој предлог ќе се разговара во наредните денови и оти никакви одлуки се уште не се донесени.

01.10.2013 - 12:49

најчитано сега