Политичките партии во САД не сакаат да се снима филм за Хилари Клинтон

Aмерикански телевизии Си-Ен-Ен и Ен-Би-Си се откажаа од снимањето на документарниот филм за Хилари Клинтон. Таа е можен кандидат за претседател на Демократската партија за изборите во 2016 година. 

Чарлс Фергусон, кој требаше да биде режисер на филмот, изјави во блогот на „Хафингтон пост“ дека демократите го замрзнале проектот. Претходно, Републиканската партија упати остри критики кон раководството на Си-Ен-Ен, по повод планираниот филм, кој според нив ќе биде бесплатна реклама за претседателскиот кандидат на демократите.

- Ниту една политичка партија не сака тој филм да биде направен, пишува Фергусон.

Портпаролот на Си-Ен-Ен потврди дека снимањето на филмот е запрен. Од канцеларијата на Хилари Клинтон засега одбиваат коментар.

Според сценариото во филмот требаше да бидат покриени настаните поврзанио со скандалот со Моника Левински од 1998 година досега. 

 

01.10.2013 - 10:38

најчитано сега