Си ја задавила малолетната ќерка па се отрула со киселина

Жителите на Лесковац шокирани од злосторството кое се случило во селото Доњи  Буниброд.

42- годишната С.Р ја задавила својата 12- годишна ќерка Н.Р на спиење, а подоцна се обидела да си одземе животот со солна киселина.

Телото на  девојчето  го пронашол нејзиниот татко Г.Р. осум часа подоцна, кога ја слушнал сопругата како се жали на болки од киселината.

Мајката монструм го признала злосторството во болница, каде се борат за нејзиниот живот. Таа долго време се лечела од тежок облик на депресија, а убиството го направила кога престанала да зема лекови. Никој освен најблиското семејство  не знаел дека С.Р. има психички проблеми. 

Таткото не ни претпоставувал дека се случила уште поголемо злосторство. Тој прво ја однел мајката во болница, а не видел што се случува со девојчето, кое спиело во собата.

- Дедо и влегол во нејзината соба во осум часот вчера и мислел дека спие. Во 8,30 влегол и таткото за да ја разбуди, за да се подготви на училиште. Компјутерот и телевизорот биле вклучени. Детето не се јавувало на повиците на таткото и тој се приближил да ја разбуди. Тогаш видел дека тоа е мртво, раскажува сосед за медиумите во Србија. 

01.10.2013 - 10:17

најчитано сега