Делегации на Србија и Косово на работна средба во Брисел

Во Брисел денеска  во склоп на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) владини делегации на Србија и Косово ќе имаат работна средба во Брисел. Тие ќе разговараат околу подготовката за престојните локални избори во Косово кои ќе се оддржаат во ноември.

Главна тема на состанокот ќе биде правото на глас на внатрешно раселените Срби на ноемвриските избори, кои за Приштина се спорни.

Во рамки на преговорите за нормализација на односите, со работната група претседава ОБСЕ.

На состанокот кој се оддржува во седиштето на Европската надворешно-политичка служба со кое раководи Кетрин Ештон.

01.10.2013 - 10:00